Претепан е кандидатот на партијата на Шолц додека лепел плакати- опериран е

4.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претепан е кандидатот на партијата на Шолц додека лепел плакати- опериран е

Тоа е последен во серијата инциденти кои ги подигнаа политичките тензии во Германија пред изборите. Партијата на германскиот канцелар Олаф Шолц со средба во Хамбург минатата недела започна официјална кампања за изборите во ЕУ.

Еке синоќа бил нападнат додека лепел плакати во Дрезден. Од партијата изјавија дека тој е пренесен во болница и дека ќе му биде извршена операција поради повредите. Полицијата соопшти дека 41-годишниот политичар бил нападнат од четворица мажи.

Истите напаѓачи, наводно, нападнале активист на Зелената партија на истата улица само неколку минути претходно. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер, која исто така е социјалдемократ, рече дека доколку се докаже дека нападот врз Еке е политички мотивиран, тоа ќе биде „сериозен напад врз демократијата“.

„Доживуваме нова димензија на антидемократско насилство“, изјави таа. Таа вети „построга акција и дополнителни мерки за заштита на демократските сили“. Власта и опозициските партии велат дека нивните членови и поддржувачи се соочиле со бран физички и вербални напади во последниве месеци и ја повикале полицијата да ја засили заштитата на политичарите и предизборните собири, објавија германските медиуми.

Многу од инцидентите се случија на поранешниот комунистички исток на земјата, каде што се очекува партијата AfD да оствари предност на европските избори и на германските покраински избори наесен. Мејнстрим партиите ја обвинуваат АфД за врски со насилните неонацистички групи и за поттикнување на се посуровата политичка клима.

На истакнатиот лидер на АфД, Бјорне Хоке, во моментов му се суди,  обвинет е за употреба на забранета нацистичка парола. Германската разузнавачка служба стави под надзор некои ограноци на партијата. Огранокот на социјалдемократите во провинцијата Саксонија, каде Еке е водечки кандидат за изборите во ЕУ, рече дека нивната кампања ќе продолжи и покрај „фашистичките методи“ на заплашување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата