Нуркачи ќе трагаат по шестмината исчезнати работници од урнатиот мост во Балтимот

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нуркачи ќе трагаат по шестмината исчезнати работници од урнатиот мост во Балтимот

Ударот на контејнерскиот брод на мостот, кој предизвика негово уривање, предизвика и затворање на пристаништето Балтимор на неопределено време. Тоа е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД, па катастрофата предизвика сообраќаен хаос во Балтимор и околниот регион.

Потрагата по шесте работници беше прекината синоќа, 18 часа откако тие паднаа од урнатиот мост Френсис Скот Ки во студените води на устието на реката Патапско.

Претставници на државната полиција на Мериленд и на американската крајбрежна стража рекоа дека намалената видливост и сè поопасните струи во каналот го прават продолжувањето на потрагата по реката премногу ризично за да продолжи во текот на ноќта. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата