Најмалку шест лица загинаа, а пет се водат како исчезнати по налетот на ураганот Берил

3.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку шест лица загинаа, а пет се водат како исчезнати по налетот на ураганот Берил

Три лица загинаа во Гренада, едно во Сент Винсент и Гренадини, додека двајца загинаа во северна Венецуела, каде пет лица се водат како исчезнати, соопштија официјални лица.

Во сила е предупредувањето за ураган за Јамајка, како и Кајманските Острови - Гранд Кајман, Малиот Кајман и Кајман Брач.

Берил е ослабен, но се прогнозира дека се уште ќе биде со јачина на ураган кога денеска ќе треба да помине близу или над Јамајка, утре во близина на Кајманските острови и во петок над мексиканскиот полуостров Јукатан, соопшти американскиот Национален центар за урагани. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата