Меланија се договори со Трамп за улогата на прва дама-што ќе биде ако се вратат во Белата куќа?

2.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меланија се договори со Трамп за улогата на прва дама-што ќе биде ако се вратат во Белата куќа?

Како што пренесува порталот „She knows“, Меланија никаде ја немало на повидок и не била со сопругот на дебатата што се одржа на 27 јуни во Атланта.

Тоа беше, исто така, првпат да се прекине повеќедецениската традиција на сопругите на претседателските кандидати да ги поддржуваат своите сопрузи за време на дебатите кои во голема мера можат да го одлучат исходот од изборите.

Генерално, Меланија ретко се гледа со Доналд од почетокот на неговата кампања за враќање во Белата куќа. Сега многумина се прашуваат како ќе изгледа нејзината улога на прва дама во случај Доналд Трамп да победи на изборите и да се врати во резиденцијата на американскиот претседател во јануари 2025 година.

Упатените од кампањата на Доналд Трамп велат дека Американците не треба да очекуваат често да ја гледаат Меланија во Белата куќа и Вашингтон. Меланија наводно преговарала со Доналд и ги договорила сите детали уште пред да ја започне третата кампања за американски претседател.

"Меланија се согласи со нејзиниот сопруг дека ако победи на изборите, таа нема да мора да биде прва дама на Америка 24 часа на ден, седум дена во неделата. Како и за време на првиот мандат на Доналд во Белата куќа, Меланија го стави својот син Барон на прво место. “, изјавил извор кој сакал да остане анонимен.

Според него, Меланија планира да биде во Њујорк дел од секој месец и потенцијално секој викенд:

"Причината за ова е што Барон има намера да студира на факултет. Барон има 18 години и го напушта семејното гнездо, сака да биде независен. Но, Меланија сака да биде наоколу ако му затреба", додава изворот и продолжува:

„Барон никогаш не бил сам. За него е голем стрес да биде бруцош и потенцијално син на претседателот во град кој е претежно демократски. Меланија сака да биде блиску“.

Ова е втор пат за помалку од десет дена медиумите во САД да пишуваат дека Меланија Трамп ќе биде првата дама во евентуалниот втор мандат на нејзиниот сопруг.

„Таа мрази да биде во Вашингтон“, вели Кејт Андерсон Брауер, авторка на „Први дами: благодатта и моќта на модерните први дами на Америка“.

Мери Џордан, една од уредниците на Вашингтон пост, размислува слично:

„Меланија улогата на првата дама ја гледа како неплатена и зошто би направила пауза во животот четири години. Видела како изгледа и сега може да бара повеќе за улогата што ќе ја добие“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата