Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

2.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава. 

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата. 

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС.  /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата