Екс премиерот на Малта е обвинет за корупција, случајот го истражуваше и убиената новинарка

9.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Екс премиерот на Малта е обвинет за корупција, случајот го истражуваше и убиената новинарка

Како што пренесува „Гардијан“, освен за Мускат, обвинението е покренато и против гувернерите на Централната банка на Малта, како и против вицепремиерот. Тие се обвинети во врска со скандалот околу приватизацијата на болниците.

Мускат е обвинет за примање мито, корупција во јавните служби и перење пари, соопшти агенцијата АФП. Обвиненијата против него ги нарече „фантазија и лаги“, тврдејќи дека е жртва на политичка одмазда.

Заедно со него се обвинети и Крис Фарне, вицепремиер, кој требаше да биде следниот еврокомесар и Едвард Шикулна, поранешен министер за економија и актуелен гувернер на Централната банка на Малта. Тие се обвинети за измама и проневера.

Фарне, кој беше министер за здравство во времето на скандалот кога беше приватизирана болницата, рече дека „апсолутно нема сомнеж дека судот ќе утврди нешто друго освен неговата целосна невиност“. Шикулна не го коментирал обвинението, но претходно негирал дека направил нешто незаконско.

Се очекува да бидат обвинети уште најмалку двајца високи владини функционери. Обвинението е дел од долгорочната истрага за одлуката на лабуристичката влада од 2015 година, на чело со Мускат, управувањето со три јавни болници да го префрли на приватната компанија „Виталс глобал Хелткер“ како дел од зделката чија вредност се проценува на четири милијарди евра.

За овој скандал информираше и Дафне Каруна Галиција, позната истражувачка новинарка од Малта, која беше убиена во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил во 2017 година. Фондацијата формирана во нејзино име по смртта на новинарката објави дека оваа пресуда „докажува дека нејзиното истражување за наместена приватизација било точно“.

Смртта на Дафна Каруна Галиција предизвика голем шок на мирниот медитерански остров. Опсежната независна истрага во 2019 година покажа дека владата не учествувала во атентатот, но дека државата мора да сноси одговорност за создавање „култура на неказнивост“.

Малтешкиот премиер Роберт Абела, кој го наследи Мускат на чело на Лабуристичката партија, изрази сомнеж во истрагата за корупција, наведувајќи дека обвинението е покренато еден месец пред изборите за Европскиот парламент. Тој посочи дека „естаблишментот“ се обидува да го „украде суверенитетот“ на раководството на Малта.

„Секој ќе има можност да утврди дали истрагата почнала со претпоставка на вина. Се надевам дека тоа не е така“, рече тој.

Како одговор, Бернард Грек, лидерот на опозициската Националистичка партија, го обвини Абела дека избрал „да застане на страната на агресорот наместо жртвите и дека ги избрал своите колеги наместо Малта и Малтежаните“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата