Бундесверот испраќа 10.000 артилериски гранати во Украина

29.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бундесверот испраќа 10.000 артилериски гранати во Украина

Фројдинг во интервју за Дојче веле вели дека по првата, итна фаза, на среден рок ќе биде поддржана чешката иницијатива за испраќање уште повеќе муниција.

„Ќе преземеме над 180.000 парчиња муниција, кои се планирани да бидат испорачани од почетокот на летото до крајот на годината“, рече генералот.

На „подолг рок“, Германија, покрај чешката иницијатива, потпиша и билатерален договор со кој се предвидува испорака на уште 100.000 артилериски гранати од четвртиот квартал годинава. Фројдинг не сакаше да каже со која земја е склучен договорот за испорака.

Според Фројдинг, моменталната најитна потреба на Украина е „артилериска муниција, друга муниција и наведувани проектили за модерни системи за противвоздушна одбрана и оклопни борбени возила“.

Фројдинг во интервју за Дојче веле зборува и за обуката на украинските војници во Германија. Минатата година, 10.000 припадници на вооружените сили на Украина беа обучени на германските воени полигони, а уште 3.000 до 4.000 луѓе ќе бидат обучени во првите месеци од 2024 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата