Ќерката на Брус Вилис откри дека има аутизам

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќерката на Брус Вилис откри дека има аутизам

Семејството ѝ била голема поддршка по дознавањето на оваа вест.

Актерката и ќерка на Брус Вилис, Талула Вилис, неодамна проговори за својот аутизам, откривајќи дека за својата дијагноза дознала во текот на летото. Оваа 30-годишна девојка ја сподели веста со нејзините 402.000 придружници на Инстаграм преку видео од неа и нејзиниот татко на премиерата на „The Whole Ten Yards“ од 2004 година. На видеото може да се види како 10-годишната Талула го допира својот татко по ушите и ги трие рацете по неговата глава, додека тој одговара на прашањата на новинарите. Оваа објава поттикнала еден од нејзините следачи да ја праша за нејзината дијагноза, на што таа одговорила дека првпат јавно ја споделува својата дијагноза.

- Всушност, ова е првпат јавно да ја откријам мојата дијагноза. Дознав летово и тоа ми го промени животот – изјавила Талула.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by tallulah (@buuski)

 Борба со нарушувања во исхраната

Покрај аутизмот, Талула отворено говореше и за нејзината борба со нарушувањата во исхраната, како и дека ѝ е дијагностициран АДХД (синдром на недостиг на невнимание и хиперактивност), едно од најчестите невро-развојни нарушувања во детството.

Во авторскиот текст за Вог во мај 2023 година, таа открила дека четири години се борела со анорексија и дека не сакала да зборува за тоа. Откако се воздржувала од алкохол во нејзините 20-ти, ограничувањето на храната ѝ давало чувство на контрола. Дури на 25-годишна возраст решила да се соочи со овие проблеми и депресијата, и отишла на лекување во стационарна установа во Малибу. Таму и бил дијагностициран АДХД и почнала да користи стимулативни лекови, кои го трансформирале нејзиниот живот.

Тежок период со последици

Поради брзото слабеење, Талула се соочила со сериозни здравствени компликации. Како што напишала, „секогаш била замрзната“ и имала сериозни здравствени проблеми. Оваа борба имала големо влијание врз нејзиниот живот и здравје, но преку овој процес таа успеала да се соочи со своите демони и да продолжи понатаму, пишува „Дејли мејл“.

Семејна поддршка

Нејзиното семејство, вклучувајќи го и нејзиниот татко Брус Вилис, било покрај неа во овие тешки моменти. Нивната поддршка и љубов ѝ дале сила да се соочи со нејзините лични предизвици.

Брус Вилис и неговата борба со здравјето

Брус Вилис исто така се соочува и со здравствени потешкотии откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување кое влијае врз когнитивните способности. Оваа вест го погоди целото семејство, но сите заедно се соочија со новите предизвици. Талула неодамна сподели емотивна објава за здравствените проблеми на нејзиниот татко, истакнувајќи колку го сака и колку е горда на него.

Ќерката на актерот отворено и храбро продолжува да се соочува со своите предизвици, надевајќи се дека нејзиниот пример ќе им послужи на многумина како инспирација во сопствената борба.

Извор: srecna.republika.rs

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата