Фото: Џенифер Лопез во чуден стајлинг на улиците на Њујорк

28.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Џенифер Лопез во чуден стајлинг на улиците на Њујорк

Без разлика дали станува збор за концерт, настап или улога во филм популарната Џеј Ло е присутна во медиумите и поради својот совршен моден стил.

Многу жени ги следат нејзините стајлинзи, бидејќи таа стана вистинска стилска икона и инспирација за многу трендсетерки.

Но, понекогаш се случува, како што е сега, дури „жешката Џеј Ло“, заведена од трендот, да направи  моден кикс . Да се појави во јавност во стајлинг кој ќе добие повеќе негативни отколку позитивни коментари.

Мегапопуларната пејачка прошета по улиците на Њујорк во особено необична комбинација на фармерки, кои се сè само не убави. Моделот кој се наоѓа на полиците на познатите брендови, овие фармерки се хит меѓу ѕвездите, тие изгледаат искинато, валкано, но сега беа изборот на убавата Џеј Ло.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата