Ди Каприо откри со кого најмногу уживал да работи

4.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ди Каприо откри со кого најмногу уживал да работи

А, пак, во однос на тоа - со кого најмногу уживал да работи, Ди Каприо призна дека неговите најдобри мигови во глумата и кариерата му биле со Ал Пачино во „Си беше еднаш во Холивуд“.

- Ал и јас вежбавме сцена неколку недели. Има многу исфрлено, но да седнам да разговарам за (филмската) индустрија со Ал Пачино - тоа беше еден од врвовите во мојата кариера. Беше неверојатно и незаборавно да се работи со некој кој може да осветли таква сцена, изјави Лео за „Би-би-си радио 1“ (BBC Radio 1).

Ал Пачино е холивудска икона со десетлетија, но неговата улога на филмски режисер кој го препознава потенцијалот во ликот на Ди Каприо, се чини, повеќе било стратешки потег на вистинскиот режисер Квентин Тарантино. Филмот е како „љубовно писмо“ од стариот Холивуд, покажувајќи како и најсветлите ѕвезди од минатото можат да станат непрепознатливи. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата