Вест Хем го испрати Бенрама во Лион, а притисна за грузиската сензација

30.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вест Хем го испрати Бенрама во Лион, а притисна за грузиската сензација

Англиски Вест Хем го продаде крилниот фудбалер Саид Бенрама и тоа на Лион за 15 милиони евра. Овој играч беше во Лион како позајмен, а францускиот клуб го откупи неговиот договор.
А Вест Хем му пристапи на Мец за грузиската сензација на ЕП, Георги Микаутадзе кој постигна голови на трите натпревари од групната фаза. Микаутадзе е роден во Лион, а кариерата ја почнал во францускиот фудбал, во Мец, кратко беше во Ајакс, па се врати во Мец во јануари оваа година.
За овој играч интерес пројавуваат Монако и Марсеј.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата