Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица!

6.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица!

Ненад Бјелица не е повеќе тренер на Унион Берлин. По слабите резултати под негово водство на тимот, а посебно по поразот од Бохум дома во еден од решавачките мечеви во битката за опстанок, раководството на бундеслигашот одлучи да му врачи отказ на хрватскиот стратег.

Бјелица е некогашен тренер на Осијек, на Динамо каде го тренираше Аријан Адеми, потоа на Трабзонспор каде му шеф на Енис Барди.

Станува збор за еден од најдобрите тренери во Хрватска, но сепак по слабите резултати со Унион Берлин остана без работа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата