Напаѓачот на Ливерпул пред шокантен трансфер?!

5.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Напаѓачот на Ливерпул пред шокантен трансфер?!

Дарвин Нуњез прави шокантен трансфер во еден од најголемите клубови во Европа, и тоа во Барселона. Ова го јавуваат медиумите од Каталонија кои Уругваецот го гледаат како идеална замена за Роберт Левандовски.

Иако Нуњез во изминатите две сезони и не покажа како квалитет за “Редси“ а беше платен баснословно, сепак се верува дека тој е тој за нападот на Барселона. Како што се известува тој има понуда и треба да ја прифати или одбие.

Мал проблем за Нуњез е тоа што во Барса би земал помала плата од таа што ја зема во Ливерпул, но секако дека Барселона си е Барселона.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата