Мурињо наскоро ќе се врати на тренерската работа!

5.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мурињо наскоро ќе се врати на тренерската работа!

Жозе Мурињо е без работа од почетокот на годината откако доби отказ од Рома. Португалецот беше поврзуван со неколку клубови, но сепак не го презеде раководството на ниту еден тим.

До него пристигна нова понуда. Поранешниот тренер на Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем доби нова понуда од Саудиска Арабија, а овој пат челниците на Ал Шабаб сакаат да го видат на својата клупа.

Како што пренесуваат странските медиуми, челниците на овој клуб на секој начин се обидуваат да го убедат Мурињо да ја прифати понудата и да дојде да работи во овој клуб.

Тоа би бил прв потег на Ал Шабаб во битката со Ал Итихад, Ал Ахли, Ал Наср и Ал Хилал за првото место во Саудиска Арабија.

„Се уште ништо не е финализирано, но тој е првиот избор на лидерот на Ал Шабаб“, изјави Бен Џејкобс, новинар кој тврди дека Мурињо треба да замине во Саудиска Арабија.

Неодамна и самиот Португалец изјави дека сака да се врати на тренерската работа.

„Не сакам да одмарам, сакам да работам“, изјави Мурињо и продолжи:

Дополнително, странските медиуми тврдат дека е закажан состанок на челниците на Ал Шабаб и Мурињо, а главна тема е преземањето на клупата на овој тим од страна на Португалецот


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата