Манчестер Ј. го стави Тухел како еден од кандидатите за нов менаџер на тимот

3.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Манчестер Ј. го стави Тухел како еден од кандидатите за нов менаџер на тимот

Манчестер Јунајтед размислува за назначување на Томас Тухел за нов менаџер на тимот, откако станува се поизвесно дека Тен Хаг нема да ја дочека новата сезона на клупата на „Олд Трафорд“.

Според „Тајмс“, главниот тренер на Баерн Минхен е на листата на кандидати за замена на Ерик тен Хаг, но допрва треба да се разгледаат сите опции.

Баерн претходно објави дека Тухел ќе ја напушти функцијата по крајот на сезоната, но и тие имаат проблем околу именувањето на негов наследник. Тухел во неколку наврати за англиските медиуми потврди дека сака да се врати како тренер на клуб во Премиер лигата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата