ЛК: Олимпијакос победи во Англија и е пред финале, Фиорентина во финишот славеше против Бриж

2.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛК: Олимпијакос победи во Англија и е пред финале, Фиорентина во финишот славеше против Бриж

Екипата на Олимпијакос е блиску до своето прво финале во еден европски фудбалски куп откако вечерва со 4:2 ја совлада Астон Вила и тоа во Бирмингем. Херој за тимот од Пиреја беше Ел Каби кој реализираше хет-трик.
Олимпијакос водеше со 0:2 по половина час со два гола на Ел Каби. Пред крајот на првиот дел Оли Воткинс намали, а во 52 минута Дијаби го изедначи резултатот на 2:2.
Четири минути подоцна повторно молк на „Вила парк“. Ел Каби од пенал носи водство за Олимпијакос од 2:3. На пеналот му претходеше игра со рака на Даглас Луиз во шеснаесетникот.
Во 67 минута Сантијаго Хезе шутираше топката удри во некој играч и го смени правецот измамувајќи го голманот Олсен. Во 84 минута Астон Вила можеше да намали од пенал. Но Даглас Луиз не погоди од белата точка.

Фиорентина го совлада Клуб Бриж со 3:2 на „Артемио Франки“ во Фиренца. Италијанците два пати водеа, а Белгијците изедначуваа и потоа домашните во финишот погодија за победа.
Во 5. минута Сотил носи предност за Фиорентина, во 17 минута Ванакен од пенал изедначи, а во 37 минута Белоти се погрижи „виолетовите“ на полувреме да одат со предност.
Во 61 минута Бриж остана со играч помалку, но тоа не им пречеше две минути подоцна да стигнат до 2:2 преку голот е Игор Тијаго.

Во 88 минута влезе Нзола Мбала и три минути подоцна ја погоди мрежата за победа на „виолетовите“ пред реваншот во Бриж.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата