Фудбалерите на Хофенхајм во последните минти на денешниот меч со Лајпциг успеаја да постигнат гол и да останат непоразени во првиот меч од 32. коло на германската Бундес лига.
Хофенхајм и Лајпциг одиграа 1:1, а гостите имаа голема шанса за трите бода, затоа што до 90. Минута водеа со 0:1, кога хрватскиот напаѓач Андреј Крамариќ му донесе израмнување на Хофенхајм.
Вечерва во составот на Лајпциг одлична партија имаше словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко, кој го искористи доброто нафрлување на Давид Раум и со глава ја погоди мрежата на гостите во 38. минута.
Елиф Елмас поради болест не беше во составот на „биковите“ за овој меч.