Челзи тргна по Осимен, нуди двајца играчи и пари!

5.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Челзи тргна по Осимен, нуди двајца играчи и пари!

Виктор Осимен е еден од најдобрите светски напаѓачи, во тоа нема сомнеж, но нигерискиот репрезентативец е врзан со Наполи и ретко кој може да го добие во моментов.

Секако дека има и такви кои се упорни, Челзи секако е еден од клубовите.

Ослободителната клаузула за овој напаѓач е 120 милиони евра, но тоа никој не сака да го плати. Челзи сега е во обновен контакт со Наполи во врска со трансферот на Осимене во Лондон, а што нудат?

Наводно Наполи бара над 90 милиони евра, а Челзи е подготвен да понуди двајца фудбалери за да ја спушти цената. Еден од нив е Ромелу Лукаку, другиот најверојатно е Касадеј, италијански фудбалер кој оваа сезона е позајмен во Лестер.

Осимен сезонава е нешто послаб од очекувањата постигнувајќи 14 гола во Серија А.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата