Тешко повреден 19-годишник кој излетал од пат кај Стар Караорман

7.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тешко повреден 19-годишник кој излетал од пат кај Стар Караорман

Вчера во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип- Плачковица, на влез од с.Стар Караорман, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(19) од с.Јонузлија, општина Карбинци, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата