Тешка сообраќајна незгода се случи предмалку на булеварот „Партизански одреди“ во непосредна близина на слаткарницата „Палма“.
Според првичните информации, во несреќата учествувале мотор и патничко моторно возило кое од јачината на ударот е преполовено.
Булеварот е целосно затворен на потегот од „Сити Мол“ до мостот „Обединети нации“ и се одвива по околните улици.
Повеќе детали се очекуваат од МВР.
<span style="color: rgb(33, 33, 33); font-family: "Open Sans", sans-serif; letter-spacing: -0.16px;">Фото: </span><a href="https://skopje1.mk/" target="_blank">Skopje1.mk</a>