Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предупреди дека Македонија била заложник на неколкумина кои во политиката влегле како „голтари, а станале милионери“.
„Јас ги повикувам сите гласачи, на сите кандидати кои не влегоа во вториот круг да ја поддржат Силјановска Давкова и на тој начин Македонија ќе биде повторно горда и нема да биде понижена. Нема да тонеме во политичкото мочуриште, да не бидеме заложници на некои кои стана милиониери, а влегоа како голтари“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со претстедателскиот кандидат новина е тоа што Мицкоски разговарал со Максим Димитриевски и очекува негова поддршка на вториот круг, но и од сите други кои отпаднаа.
„Се слушнавме и со Димитриевски. Знаете дека ние сме во коалиција во Куманово каде што тој е градоначалник. Очекуваме поддршка за нашиот кандидат од Максим Димитриевски, треба да го прашате да ви даде одговор“, рече Мицкоски.