Ниту размислувам, ниту на памет ми паѓа било каква коалиција
со ДУИ по изборите наш иден партнер е условно кажано албанската опозиција во
Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во
телевизија АлсатМ.
Според него народот е јасно против политиките на оваа влада
во која се СДСМ и ДУИ.
„На овие избори се покажа дека имаме антивладино
расположение и тоа треба да се почитува и мора да се почитува гласот на
народот“, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа дека ДУИ не може ДУИ да се однесува дека ова
е бинационална држава, и додаде дека ова е држава на сите.
Претседателот Мицкоски информира и за какви информации има
за однесувањето на ДУИ на терен.
„Дополнително тоа што го прави на терен ДУИ не е волја на
народот, има притисоци, поткупи. Тоа народот не го сака. За ова има сведоштва.
Мора да го споменам случајот и со општина Липково во едно избирачко место за
каде има и пресуда од Управен суд за неправилности. За што има сомневање за
други места, дека тоа се случува и во Гостивар, Тетово. Бројни нерегуларности
се поврзани со ДУИ“, заклучи Мицкоски.