Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово кај мостот
„Влајко“ во скопската населба Влае. Во сообраќајката учествувале две возила, од
кои едното е пресечено на половина.
Засега нема информации колку лица се повредени.
МВР го регулира и пренасочува сообраќајот кај бензинската
станица на „Макпетрол“. Од снимките,може да се каже дека до судар дошло помеѓу
„Ауди“ и „Шевролет Спарк“.
Според очевидци, ударот настанал на самата крстосница.
Едното возило се вклучувало на булеварот, а другото се движело по него со
огромна брзина.