Договориле компензација и исплата, но купувачот направил голема измама

4.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Договориле компензација и исплата, но купувачот направил голема измама

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против У.А.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на 2019 година, пријавениот дошол на плац на лице во гостиварско и побарал  да купи две машини во вредност од 26.500 евра, а за исплатата да се направи компензација со железо, дел да се платат на рака, а дел преку сметка од банка.

За ова направиле писмен договор, по што пријавениот уплатил преку банка 4.000 евра, а остатокот не го исплатил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата