Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната
победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка
Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори,
додавајќи дека се радува на идната заедничка соработка.
Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана
Силјановска-Давкова за заслужената и историска победа на денешните
претседателски и парламентарни избори во<span style="mso-spacerun:yes">
</span>Македонија. Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов
поттик на процесот на пристапување на Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на
социјалната мрежа Х.