Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена
облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне
и во текот на ноќта ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб
до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од
4 до 10 Целзиусови степени додека максималните ќе достигнат од 18 до 27
степени.