Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги
за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување
на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70% во однос на
одлуката од 29.4.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар
во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај
бензините за 2,438%, кај дизелот за 2,100%, кај екстра лесното масло за 2,605%
и кај мазутот намалувањето е за 1,907%.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за
1,00 ден/литар и изнесува 74,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР
БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за
1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 86,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,00
ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на
(ЕЛ-1) изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,829
ден/кг, со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува
45,832 ден/кг.
Од 8.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на
нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,832 (денари/килограм)