„Подолго време наназад, уште пред почетокот на кампањата, се
чувствува огромна позитивна енергија која на 24 април се излеа на гласачките
места. И вечерва тука, ја чувствувам истата, многу посилно. Можам да кажам
дека, заедно со вас, правиме револуција со пенкало. Оваа енергија нека го
достигне својот врв на 8 мај. Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не
молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали.
Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба
да биде замолчен. Доста е! Стигнавме до се’ поизвесната победа. Победа врз
најкриминалната власт досега. Им благодарам на сите кои ни се приклучија, ни се
приклучуваат и допрва ќе ни се придружат. Не смее да дозволиме малцинство од
криминалци да владее со мнозинството. Мафијата стана синоним за ДУИ и за СДСМ.
Мафијата царува, додека народот пати“, кажа носителот на листата за пратеници
на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ6, Дафина Стојаноска и додаде:
Време е да ставиме крај на ова! Не дозволувајте да ве платат
или заплашат. Ако ви нудат пари – тоа се ваши пари. Ако ви нудат многу пари – и
тоа се ваши пари. Ако ви се закануваат – знајте дека после 8 мај ќе бидете
заштитени од новата Влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. Затоа велам: сега или
никогаш! Време е за победа над мафијата. Не им се плашете – казнете ги. Не
бојкотирајте – реагирајте! Излезете масовно на гласање и да не дозволиме
сценарија за некаква си политичка или финансиска криза. ДУИ и СДСМ најдобро
„пливаат“ во време на кризи, додека народот го оставаат да се прпелка на суво.
Не’ опљачкаа, не’ понижија и не’ изрезилија насекаде. Поставуваат замки кои,
после поразот, треба да ги угушат промените кои народот со душа ги очекува.
Стојаноска повика мултиетнички Гостивар да се обедини околу
ВМРО-ДПМНЕ и така сплотени да и го зададат последниот удар на оваа власт.
„Да го казниме Али! Да го казниме Артан Груби! Таче од
поодамна е веќе небитен. Мултиетнички Гостивар да се обедини околу ВМРО-ДПМНЕ и
така сплотени да и’ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт. Прво,
ајде сите заедно да гласаме за професорката Гордана Силјановска Давкова,
најумната и најдостојната Македонка во моментов, и да бидеме горди со нејзините
и нашите успеси, а не – „како до сега“ – со поразителниот лик на Водно кој го
изгуби тлото под нозете, кој не’ нарекуваше стока, кој го направи Гоце Бугарин
и кој помилува криминалци кои ги трујат нашите деца со дрога“, рече Стојаноска
и додаде:
За парламентарните избори, јавно ве повикувам да гласате за
бројот 2, за Миле, Дејан, Анета, Ердоган и за мене. Ние сме тие кои стоиме пред
вас денес и ви ветуваме дека бројот 2 е за двојна победа над двојното
криминално дуо. Бројот 2 е за 4 гласни и борбени пратеници. Пратеници кои
никогаш нема да ве изневерат. Излезете на 8 мај и гласајте. Излезете и не го
губете гласот за листите кои немаат доволно гласови за пратеник. Изгубените
гласови во 6-та изборна единица помагаат исклучиво за пратеник повеќе од ДУИ.
Да го испратиме Али во пензија. Доста му беше! Доста му беше уценување и
заканување. Али, Груби, Заев и Таче веќе не смеат да ни се повторат. Вие,
народот, ја имате историската улога и одлука овој пат. Ние и никој друг! Сега
или никогаш!
Стојаноска го повика народот за поддршка на Гордана
Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
„Гласајте за професорката Силјановска Давкова и за листата
на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Само овие луѓе носат промени.
Само овие луѓе можат да ја направат Македонија твоја и горда. Бидете учесници
во историската победа над криминалот и корупцијата, и да си ја вратиме
Македонија во рацете на луѓето. Да бидеме пример и надеж за младите. Да бидеме
храбри и одлучни, какви што се тие, и да им ја обезбедиме иднината тука – во
Македонија, ослободена од канџите на мафијашите од ДУИ и СДСМ. Нивниот крај е
наш заеднички почеток. Почеток за горда Македонија. Почеток за твоја
Македонија. Промените се во твои раце. Број 2 – за двоен пораз над криминалот.
Број 2 – за двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „Твоја Македонија“ и
Гордана Силјановска Давкова“, кажа Стојаноска.