За Олимпиското село во Париз 2024 година купени се 2,5 илјади клима уреди

3.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За Олимпиското село во Париз 2024 година купени се 2,5 илјади клима уреди

Првично, организаторите на Игрите планираа да ја напуштат употребата на клима уреди со цел намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Куќите во Олимпиското село се изградени со технологија која ја одржувала температурата внатре за шест степени пониска од надворешната. Тие се опремени и со геотермални системи и вентилатори.

И покрај тоа, делегации од некои земји инсистираа да донесат климатизери со себе. Така, организаторите се согласиле да инсталираат клима уред, само по еден во секој апартман, за да им овозможат на спортистите комфорни услови за живот и закрепнување.

- Дадовме упатства за техничките ограничувања, особено за потрошувачката на енергија и квалитетот на опремата. Изјави заменик-градоначалникот на олимпиското село, Аугустин Тран Ван Шу.

Тој истакна дека се препорачува да нема повеќе од една клима уред по апартман. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата