Стапката на инфлација во Франција прелиминарно се намали на 2,2 отсто

30.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стапката на инфлација во Франција прелиминарно се намали на 2,2 отсто

Пазарите очекуваа априлската инфлација да биде уште пониска и да изнесува 2,1 отсто.

Цените на храната се зголемија за 1,2 отсто на годишно ниво во април, забавувајќи во однос на мартовските 1,7 отсто.

„Ова мало забавување на инфлацијата е последица на забавениот раст на цените на храната и тутунот, како и на годишното намалување на цените на индустриските производи“, се посочува во соопштението на веб-страницата ИНСЕЕ.

Спротивно на тоа, цените на енергијата во април прелиминарно се зголемија за 3,8 отсто на годишно ниво, што е забрзано споредео со мартовските 3,4 отсто.

На месечно ниво цените во Франција пораснале за 0,5 отсто.

Француската инфлација мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) што го користи Еуростат се зголеми за 2,4 отсто на годишно ниво во април, со исто темпо како и во март. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата