Една од најзгодните и најжешките спортски новинари во Грција, а некои би рекле и пошироко, направи голема врева на социјалните мрежи. Кога таа ќе објави своја фотографија коментарите се редат во иљадници а ја покануваат за гостување на најпознатите светски магазини, портали и телевизии.
Дора Пантели низ годините се здоби со голема популарност, пред се кај машката публика поради фактот што работи спорт, но се грижи и за својот изглед.
Пошироката јавнос ја забележа како репортерка на светското првенство во кошарка во Кина а следи натпревари од кошаркарската Евролига. Нејзиниот Инстаграм профил го следат околу 200.000 луѓе.
Таа често објавува атрактивни фотографии на Инстаграм, а нејзината неодамнешна фотографија на споменатата мрежа предизвика бројни реакции кај публиката.