Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

5.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Ова е чудна идеја на фалсификаторите  бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата