Видео: Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд, над 250 интервенции

2.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд, над 250 интервенции

Во главниот град на Србија од синоќа до утрово наврнале повеќе од 55 литри дожд на метар квадратен, што е количина вообичаена за еден месец.

За справување со последиците од невремето на терен се 1.500 работници на јавните комунални претпријатија, а до вечерва се очекува состојбата да се стабилизира.

Според градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ имало над 250 интервенции од јавните комунални претпријатија. 

„Имавме над 250 интервенции од јавните комунални претпријатија, 1.500 работници на терен. Ситуацијата почнува малку да се стабилизира. Петнаесет линии на јавен превоз беа прекинати поради неможност за прооден сообраќај“, изјави Шапиќ.

Тој им порача на белграѓани да бидат свесни за околностите и да ги прифатат новите временски услови. За попладнево во Белград метеоролозите најавија нови врнежи од дожд. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата