Претставници на Македонците демонстративно ја напуштиле презентацијата на пописните резултати

28.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претставници на Македонците демонстративно ја напуштиле презентацијата на пописните резултати

Тоа откако не им бил даден одговор на прашањето зошто на прегледот за бројот на малцинствата за сите стои она што се, само за македонското стои име на државата С. Македонија, на албански јазик и „Северно Македонци“ на англиски јазик.

Според претставници на Македонците кои биле присутни на презентацијата директорката на ИНСТАТ на забелешката рекла дека е тоа име на државата, но на дополнителната забелешката дека сите малцинства имаат матична држава, а се напишани она што се модераторот не дозволил одговор, по што претставниците Спахиу и Костофски демонстративно ја напуштиле салата.

Претставниците на Македонците дополнително за МИА информираа дека се очекува Амбасадата да реагира до Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, а како известување допис да биде доставен до сите амбасади и мисии во Тирана. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата