Објавени правилата на дебатата меѓу Бајден и Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни

16.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавени правилата на дебатата меѓу Бајден и Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни

И двајцата претседателски кандидати ќе се појават на подиум кој ќе изгледа исто, а кој ќе им биде доделен со фрлање паричка, јави Си-Ен-Ен.

Модератори на дебатата, која ќе се одржи во Атланта, Џорџија, ќе бидат водичите на Си-Ен-Ен, Џејк Тапер и Дејна Беш, а Трамп и Бајден за време на дебатата ќе имаат само хартија, пенкало и шише вода.

-Микрофоните на кандидатите ќе бидат исклучени за време на дебатата, освен кога ќе им дојде редот да зборуваат, соопшти Си-Ен-Ен, додавајќи дека модераторите „ќе ги користат сите расположливи средства“ за да обезбедат навременост и цивилизирана дискусија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата