Пикси на кормилото на Србија најмалку уште две години

23.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пикси на кормилото на Србија најмалку уште две години

фудбалскиот сојуз во оваа земја потврди дека Драган Стојковиќ добил доверба да ја води репрезентацијата и во наредните две години.

Популарниот Пикси ќе го води српскиот тим најмалку до 2026-та година, без разлика каков резултат ќе оставри селекцијата на претстојното Европско првенство кое се игра во Германија.

Како селектор на А репрезентацијата на Србија, Драган Стојовиќ овозможи за првпат во историјата да врземе учества на две големи натпреварувања во низа, Светското првенство во Катар и Европското првенство во Германија. Покрај тоа, оствари успех и во Лигата на нации со пласман во елитен ранг.

Поради тоа, доби доверба од раководството на нашата организација да проодлжи со работата и после Европското првенство кое следи. Зачувување на континуитетот е еден од клучните фактори во остварување на позитивни резултати.

Продолжениот договор со селекторот е во склад со желбите и амбициите на сите во Фудбалскиот сојуз на Србија, со надеж дека успесите ќе продолжат и на претстојното Европско првенство. Одлуката ќе биде официјално усвоена на состанокот кој ќе го има извршниот одбор на 27-ми мај (понеделник)“, стои во соопштението.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата