Един Џеко ја одбил понудата на Хајдук

25.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Един Џеко ја одбил понудата на Хајдук

Искусниот напаѓач и капитен на репрезентацијата на БиХ, Един Џеко, ја одбил понудата на сплитски Хајдук, јавува турскиот новинар Дорук Течимер.

Иако има уште една година од договорот со турски Фенербахче, Џеко сака да остане во Истанбул, каде вели дека е среќен. Хајдук претходно му понудил двегодишен договор.

Босанецот пристигна во Фенер минатата сезона од Интер, и многу брзо се истакна како лидер на овој тим и ја презеде капитенската лента.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата