Ливерпул го победи Вулверхемптон и е нов лидер во Премиер лигата

28.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул го победи Вулверхемптон и е нов лидер во Премиер лигата

Екипата на Ливерпул скокна на првата позиција на табелата во Премиер лигата откако во 6 коло го совлада Вулверхемптон во гости со 2:1. Ливерпул поведе во 45 минута кога по нафрлување на Жота, Ибрахим Конате највисоко скокна и со глава со совлада противничкиот голман.
Во 56 минута изедначи Аит Нури, а пет минути подоцна Нелсон Семедо непрописно го задржа противникот, а судијата по консултација со колегите од ВАР собата и преглед на снимка покажа пенал.
Мохамед Салах убаво го изведе пеналот и донесе водство од 2:1 кое остана до крајот.

ГОЛОТ НА КОНАТЕ

ГОЛОТ НА АИТ НУРИ

ГОЛОТ НА САЛАХ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата