Ди Франческо си замина од Фрозиноне, седнува на клупата на Венеција

16.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ди Франческо си замина од Фрозиноне, седнува на клупата на Венеција

Еузебио Ди Франческо го напушти Фросиноне. Иако се зборуваше дека тој ќе остане на кормилото и следната сезона, сепак, утрово самиот ја потврди информацијата.

„Сакам да му се заблагодарам на директорот Анџелоци што ми ја даде оваа можност. Минатиот јули се избравме еден со друг, го избрав големиот професионалец, но пред се човек. Вистина е дека не ја постигнавме целта, но играчите не престанаа да ме следат, низ подеми и падови, со желба да стигнеме до неа. Веќе кажав што мислам за навивачите, но сакам уште еднаш да повторам колку нивната голема страст и поддршка го исполнија моето срце со гордост“, напиша Ди Франческо.

Веста ја потврди и клубот на својата официјална веб-страница каде објавија порака од поранешниот тренер. Според италијанските медиуми, Ди Франческо ќе седне на клупата на Венеција.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата