Турската федерација во одбрана на Монтела по силните напади од турските медиуми

26.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турската федерација во одбрана на Монтела по силните напади од турските медиуми

Дебатата за селекторот на Турција, Винченцо Монтела предизвикува многу пореметувања пред решавачкиот натпревар во групата Ф против, кој Турците го играат против Чешка денеска во Хамбург. Италијанецот е масовно напаѓан во турските медиуми затоа што ја изостави младата ѕвезда и медиумски миленик Арда Ѓулер од стартниот тим во поразот од Португалија со 3-0 .

Критиките станаа толку тешки што се вклучи дури и претседателот на Турскиот фудбалски сојуз (ТФФ). Мехмет Бујукеши застана во одбрана на 50-годишниот Монтела со изјава дека Федерацијата има целосна доверба во него.

„Темите како што се формацијата, физичката кондиција и тактиката на играта ги одредува тренерскиот тим. Соработката меѓу тренерите и играчите е хармонична. Репрезентацијата не треба да се искористува за лични интереси. Сите репрезентативци се вредни“, изјавил првиот човек на турската федерација во обид да ги амортизира нападите кон Монтела.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата