Аргентина на пенали до полуфинале, Меси промаши од белата точка (ВИДЕО)

5.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аргентина на пенали до полуфинале, Меси промаши од белата точка (ВИДЕО)

Светскиот шампион Аргентина се пласираше во полуфиналето на Копа Америка по драматичната победа на пенали над Еквадор. На пенали се стигна по ремито 1-1 во регуларното време кога Лисандро Мартинез со глава го отвори резултатот за „гаучосите“ непосредно пред полувремето, додека Кевин Родригез израмни за Еквадор во судиското надополнување.

Лионел Меси го промаши првиот пенал погодувајќи ја гредата, но Аргентина се врати за да победи со 4-2 и да се пласира во полуфиналето, каде ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Венецуела и Канада.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата