ОВА СЕ ЦЕНИТЕ ЗА ОДМOР ВО ГРЦИЈА, кој штедел долго можеби и ќе оди на одмор

17.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОВА СЕ ЦЕНИТЕ ЗА ОДМOР ВО ГРЦИЈА, кој штедел долго можеби и ќе оди на одмор

Грција ги отвара границите, но и плажите за туристите кои ги очекува веќе од 1 јуни, и станува јасно што ги чека туристите во Грција годинава. Најавените цени на Миконос се чини дека стануваат реалност и во некои други делови на Грција. Имено, на плажата Астерас Вуjагменис во атинското предградие со исто име, сетот лежалки стана значително поскап поради новите задолжителни правила на однесување на плажите.

Значи, сега две лежалки и чадор чинат дури 80 евра, а плажата не прифаќа ниту еден човек повеќе од тоа што беше планирано. Ако земете дете со вас, тогаш ќе платите 100 евра, а ако сте сами повторно 80 како за двајца. Секој пат кога ќе се испразнат столовите за лежалките, вработените веднаш се дезинфицираат за да може да дојде следниот корисник. На влезот, персоналот носи маски и покрај високите температури, а социјалното растојание мора да се почитува.

На плажата има само еден бар што нуди кафе, сокови и спакувана храна, како што се бара со новите правила на грчката влада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата