И во украински Мотор не „цветаат рози“ пред утрешното гостување во Скопје на мечот со Вардар во новото коло од Лигата на шампионите. Како што објави прес-службата на Спартак (М), двајца од досегашните ракометари на украинскиот тим денеска заминале во Москва, каде беа преставени како нови засилувања за Спартак.

Станува збор за рускиот голман Виктор Киреев и левото крило Игор Сорока. Двајцата ракометари веќе добиле сертификати за трансфер од ЕХФ со што практично од денеска се нови ракометари на рускиот тим.

Спартак (М) потпиша договори и со двајцата на период од 2,5 години.