ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 284 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 03.02. до 09.02.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 146 непрописно паркирани возила, од кои едно (1) несовесно паркирано возило на паркинг место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 138 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

извор: Makfax

Најчитани вести