Интер нема намера да се откаже од ангажман на данскиот фудбалер од средниот ред Кристијан Ериксен.

Последната понуда од италијанскиот тим изнесува 15 милиони евра. Со оглед дека на лето му истекува договорот и си оди како слободен играч, лондонската екипа сака да заработи нешто од него сега.

Покрај Интер, за него има интерес и од ПСЖ.