Пекарница лоцирана во строгиот центар на Скопје објави видео симнато од нивните безбедносни камери во кое се гледа како луѓе бесрамно крадат пари од касата.
„Во последните два месеца во локалот беше три пати провалено. Провалите се случуваа во интервалите помеѓу 19:00 и 23:00 часот, во период од годината кога плоштадот е прилично фрекфентен. Овој пост има една и единствена цел да ја подигне свеста во какво опасно и небезбедно општество живееме во моментов. Ние немаме намера да тераме истрага на социјални мрежи, тоа е работа на органите на власта. Сакаме само да доловиме кое ниво на храброст и чувство за недопирливост владее кај ситните квази криминалци во нашата татковина во моментов. Материјалната штета која е причинета е помалку важна и идентитетот на сторителите ни е веќе познат. Споделете го постот за да си ги отвориме очите меѓу себе, додека се уште не е предоцна. Ви благодариме однапред!" - стои во постот објавен на инстаграм-профилот на пекарницата.