ОВА Е ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ДРВОРЕДИ ВО ЦЕНТАРОТ: Герила акција го тресе Скопје

9.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОВА Е ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ДРВОРЕДИ ВО ЦЕНТАРОТ: Герила акција го тресе Скопје

По најавата на градските власти да се проширува улицата Даме Груев за уште две ленти за автомобили утринава Скопје се буди со герила акција притив сечењето на дрвјата во градот.

Имено, доколку се изведе најавата токму таму, според организаторите на акцијата, под закана од сечење се 20тина стари дрвја во еден од најубавите дрвореди во центарот на Скопје.

 

 

 

Герила акцијата порачува Стоп за сечењето на дрвјата во градот!!!

Минатиот месец дел од медиумите пренесоа дека Шилегов, планира целосно откупување и уривање на зградата „Макоил“ (поранешна зграда на „Макотекс“), по што би се проширила улицата „Даме Груев“ во рамки на заложбите да прерасне во булевар, а строгиот центар на градот да стане пешачка зона.

 

 

Во моментов се изготвуваат соодветните проекти кои се во почетна фаза, во чии рамки се планира целосно откупување и уривање на зградата „Макоил“ (поранешна зграда на „Макотекс“), по што би се проширила улицата „Даме Груев“ – посочуваа тогаш од Град Скопје.

 

 

 

 

Инаку, Градот распиша оглас за изработка на основен проект за обезбедување на поголем простор за движење на граѓаните, пред сè во Малиот ринг, поточно за улиците „ВМРО“ и „Даме Груев“. Станува збор за потегот од раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ со раскрсницата на улицата „Димитрија Чуповски“ и улицата „11 Октомври“ со улицата „Филип II Македонски“.

 

 

Фото: Фејсбук/ИнаЕден

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата