Приватни работи на Мерлин Монро се понудени на аукција

24.11.2022
Vesnik.com
Приватни работи на Мерлин Монро се понудени на аукција

Личните работи на иконата на Холивуд  Мерлин Монро официјално ќе се најдат на аукција на 17 и 18 декември.

На аукцијата ќе бидат изложени повеќе од 175 предмети кои и припаѓале на најпознатата русокоса во светскиот шоубизнис.

Еден од најзначајните предмети во колекцијата е рачно напишана порака од Чарлс Стенли Гифорд, за кој неодамна со ДНК тест беше докажано дека е татко на Мерлин Монро.

„Оваа картичка е единствениот познат материјален артефакт што воспоставува каква било врска или комуникација помеѓу Гифорд и неговата славна ќерка“, се вели во соопштението и се додава дека се верува дека Гифорд лично ѝ ја доставил картичката на Монро додека таа била во болница, пренесува „People“.

Монро, чие вистинско име беше Норма Џин Мортенсон, е родена од Гледис Перл Бејкер и поранешната колешка на Бејкер, Гифорд, но познато е дека таа немала добри односи со нејзиниот татко додека растела.

На аукцијата ќе бидат понудени и други предмети од колекцијата на Монро, неколку производи за убавина – како цевки за кармин, вештачки трепки, сенки за очи и друго – кои некогаш и припаѓале на ѕвездата, како и неколку фустани кои Монро ги поседувала и ги носела.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;