Грчката полиција синоќа потврди дека позади убиството на младата мајка Каролина Крауч (20) во предградијата на Атина во мај, стои  нејзиниот сопруг, пилотот Бабис Анагностопулос.

Бабис (33) го признал злосторството по повеќе од осум часа испрашување во одделот за убиства на атинската полиција.

– Убиецот е 33-годишниот сопруг кој го признал злосторството – пишува во објавата.

Според извештаите, пилотот признал дека „таа ноќ се расправале“.

– Во еден момент, таа го фрли детето во креветчето и ми рече да одам и да го напуштам домот. Таа ме турна и ме удри. Расудувањето ми стана нејасно, ја задавив, а потоа организирав грабеж – признал Гркот.

Полицијата го уапсила на грчки остров каде бил на помен на неговата сопруга, која била британски државјанин.

Полицијата успеала да открие преку докази кои се базираат на неговиот мобилен телефон, односно полицијата открила дека тој бил во движење во станот односно правел чекори, за периодот кога лажел дека разбојници го врзале за столица и му ги врзале и очите.

Откриено е и дека мемориската картичка била извадена од безбедносната камера дома во 01:20 часот, додека сопругот тврдел дека разбојниците упаднале во нивниот дом неколку часа подоцна.

Исто така и паметниот часовник на раката на неговата сопруга открил дека нејзиниот пулс запрел многу порано отколку што нејзиниот сопруг тврдел дека е убиена.

– Тој е врвен актер. Една од последните работи што ги направи е да ја прегрне мајката на Каролина и да и каже да оди во Атина за да го идентификува осомничениот, изјави полициски службеник за британски Сан.

Локалните медиуми објавија дека еден од доказите против него бил обидот на Каролин да резервира хотел за себе и за бебето ноќта на убиството.

Во пораката пронајдена на нејзиниот телефон, станало очигледно дека младата мајка се заканила дека ќе го напушти сопругот неколку часа пред убиството.

Пилотот ќе биде изведен на судење во петок, но се очекува да побара одложување од 48 часа за да се подготви одбрана со адвокатите.