Пред неколку денови Шкупи остана без тренер откако се раздели со турскиот стратег Хасан Озер. Стратегот кратко се задржа на кормилото на чаирската екипа, а по поразот на домашен терен од Ренова (1:2) направи голем чекор назад во трката со Шкендија по шампионската титула. Раководството се одлучи за промена, а за привремен тренер е назначен Јетон Муслиу, координаторот на младинските категории.

Тој ќе раководи со екипата додека не биде назначен нов тренер. Тоа значи дека Муслиу ќе раководи со тимот на мечот со Академија Пандев на гостински терен во недела во рамките на Првата македонска фудбалска лига.

sportmedia.mk